• среда, 04 март 2026

Израелски медиуми тврдат дека Катар го нападнал Иран

Израелски медиуми тврдат дека Катар го нападнал Иран

Ерусалим, 3 март 2026 (МИА) – Израелските медиуми денеска објавија дека Катар вчера извршил напади врз Иран.

Израелската телевизија Канал 12, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Катар го нападна Иран, како одговор на нападите на Техеран ширум Персиски Залив.

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ел Ансари вчера за американската телевизија Си-ен-ен изјави дека Иран истрелал над сто проектили и десетина дронови врз Катар, а била гаѓана цивилна и комерцијална инфраструктура.

Тој додаде дека катарската армија презела мерки на претпазливост за одбрана на економските објекти на копно и на море, дека лидерите на земјите од Персиски Залив тесно соработуваат едни со други и со САД.

Неименуван висок израелски претставник изјави дека Саудиска Арабија наскоро ќе го нападне Иран.

„Тајмс оф Израел“ објави дека земјите од Персиски Залив сè уште официјално не објавиле дека презеле офанзивни мерки за време на американско-израелската ампања, иако некои пресретнале ирански напади. ми/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан