Турското Министерството за одбрана соопшти дека силите на НАТО пресретнале иранска ракета откако се насочила кон турскиот воздушен простор
- Балистичка ракета лансирана од Иран насочена кон турскиот воздушен простор е пресретната од силите на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана на Турција.
Анкара, 4 март 2026 (МИА) - Балистичка ракета лансирана од Иран насочена кон турскиот воздушен простор е пресретната од силите на НАТО - соопшти денеска Министерството за одбрана на Турција.
Како што се наведува, балистичката муниција лансирана од Иран е неутрализирана со помош на противвоздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во источен Медитеран, пренесува „Анадолија“.
Во соопштението се додава дека во инцидентот нема жртви или повредени, како и дека Турција го задржува правото да одговори на какви било непријателски дејства против неа, со предупредување до сите страни да се воздржат од чекори што би можеле да доведат до ескалација на конфликтот. рп/ми/
Фото: МИА архива