Пезешкијан: Го почитуваме суверенитетот на соседните земји, но мора да се одбраниме
- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска на „Х“ објави дека Иран го почитува суверенитетот на соседните земји, но дека бил принуден да се брани на овој начин, напаѓајќи американски воени објекти во земјите од Персискиот Залив.
Техеран, 4 март 2026 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска на „Х“ објави дека Иран го почитува суверенитетот на соседните земји, но дека бил принуден да се брани на овој начин, напаѓајќи американски воени објекти во земјите од Персискиот Залив.
Пезешкијан нагласи дека Иран се обидел да избегне војна, но на крајот бил принуден да се брани.
„Ваши величества, шефови на држави на пријателски и соседни земји, се обидовме да спречиме војна преку дипломатски средства, но американско-ционистичката воена агресија не ни остави друг избор освен да се одбраниме. Го почитуваме вашиот суверенитет и веруваме дека безбедноста и стабилноста во регионот мора да се постигнат преку колективните напори на народите што живеат во него“, напиша Пезешкијан на „X“.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро, кој одговори со одмазднички напади врз израелска територија и врз американски објекти во земјите од регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток. мс/
фото: ЕПА архива