Евростат: Невработеноста во јануари во Европа изнесуваше 6,1 процент, а во ЕУ 5,8 проценти
- Во еврозоната сезонски прилагодената стапка на невработеност во јануари изнесуваше 6,1 процент, објави денеска Евростат.
Брисел, 4 март 2026 (МИА) - Во еврозоната сезонски прилагодената стапка на невработеност во јануари изнесуваше 6,1 процент, објави денеска Евростат.
Тоа, како што наведува Евростат, е намалување во однос на 6,2 проценти во декември 2025 година и 6,3 проценти во јануари годинава.
Стапката на невработеност во Европската Унија изнесуваше 5,8 проценти во јануари годинава, што е помалку од декември 2025 година (5,9 проценти) и во јануари годинава (6 проценти). рп/ми/
Фото: МИА архива