Погребната церемонија за ајатолахот Хамнеи е одложена, објави Иранската државна телевизија
- Погребната церемонија за починатиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да почне во 22 часот по локално време, е одложена, објави Иранската државна телевизија.
Техеран, 4 март 2026 (МИА) - Погребната церемонија за починатиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да почне во 22 часот по локално време, е одложена, објави Иранската државна телевизија.
Иранците се повикани за време на тридневното поклонение да му оддадат последна почит на лидерот, кој беше убиен во воздушен напад како дел од израелско-американската операција против Иран.
Според првичните информации од државните медиуми, телото на Хамнеи требаше да биде положено во џамијата во иранската престолнина Техеран, именувана по неговиот претходник и основач на Исламската Република, Рухолах Хомеини.
Подоцна ќе биде објавено кога ќе почне погребната церемонија. По завршувањето на поклонението, ќе се знае кога ќе биде погребот. рп/ми/
Фото: МИА архива