• вторник, 17 декември 2024

Земјотрес во Пијанечко-Малешевскиот регион со јачина од 2,9 степени

Земјотрес во Пијанечко-Малешевскиот регион  со јачина од 2,9 степени

Делчево, 16 декември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувувствуван во Пијанечко-Малешевскиот регион. 

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути, со епицентар 112 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. вс/лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан