Општина Штип ги објави носителите на Орденот и Признанијата „Свети Никола“
- Фудбалскиот репрезентативец, Бојан Миовски е носител на Орденот „Свети Никола“, кој веќе 13 години по ред Општина Штип го доделува по повод чествувањето на 19 декември празникот „Свети Никола“, кој е и патронен празник на градот Штип и на Брегалничката епархија. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип на денешната прес-конференција рече дека годинава ќе се доделат и четири признанија „Свети Никола“.
Штип, 17 декември 2024 (МИА) – Фудбалскиот репрезентативец, Бојан Миовски е носител на Орденот „Свети Никола“, кој веќе 13 години по ред Општина Штип го доделува по повод чествувањето на 19 декември празникот „Свети Никола“, патронен празник на градот Штип и на Брегалничката епархија. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип на денешната прес-конференција рече дека годинава ќе се доделат и четири признанија „Свети Никола“.
- „КТМ енерџи солушн“ Друштво со ограничена одговорност, како општествено одговорна компанија, потоа доктор Александар Митевски-хирург, Териоријалната Противпожарна единица-Штип и Одбојкарскиот клуб УГД-Штип, вели Панајотов.
Чествувањето на празникот „Свети Никола“ почнува од утревечер, со вечерна богослужба, а во 18 часот на Свечена Академија во соборниот храм „Свети Никола“ ќе се доделат Орденот и Признанијата „Свети Никола“. Чествувањето на празникот „Свети Никола“ продолжува на 19 декември со Света архиерејска литургија, Литија до новото шеталиште „Ванчо Прќе“, каде што ќе има кршење на празничниот колач. вдј/сст/
Фото: МИА