• среда, 18 декември 2024

Стјуарт Пич за МИА: Корупцијата ја поткопува безбедноста

Стјуарт Пич за МИА: Корупцијата ја поткопува безбедноста

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) – Корупцијата ја поткопува безбедноста, а Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ја сузбива корупцијата не само во земјата, туку и во целиот регион, вели во интервју за МИА, британскиот специјален претставник за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

Во врска со проблемот со коруцијата, особено високата, последната акција на полицијата и обвинителството за злоупотреби во Државна лотарија, но и проширувањето на црната листа на САД до поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, Пич нагласува дека корупцијата не само што ја поткопува безбедноста, туку ги поткопува вредностите за кои за залагаме.

-Секако дека корупцијата ја поткопува безбедноста. Без разлика каде се наоѓаме во светот, корупцијата ги поткопува вредностите за кои за залагаме. Една од загрижувачките статистики тука е дека само шест проценти од луѓето тука мислат дека независноста на судовите е на многу добро ниво. Тоа е загрижувачко и ние ќе продолжиме преку нашата Амбасада и преку линковите со нашите пријатели тука да да помагаме во однос на владеењето на правото и за граѓаните и за бизнисите, нагласува Пич.

Тој посетува дека Обединетото Кралство е второ по големина инвеститор во Северна Македонја и нагласи дека британските бизниси тука сакаат да работат без да бидат загрозени од корупција. 

Во однос на американската црна листа, вели дека суверено право на Владата во Вашингтон е да одлучи за санкциите кои ќе ги воведува, но додаде дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува борбата против корупцијата. 

-Обединетото кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ќе ја сузбие корупцијата во целиот регион, не само во Северна Македонија и ќе преземеме соодветни мерки ако сметаме дека тоа е потребно, рече Пич.

Вели клучно е тимот на британската Амбасада да работи на проекти за владеењето на правото со клучните официјални претставници, но и со Академијата на судии и јавни обвинители. 

Во интервјуто Пич говори за средбите што ги имаше со македонскиот државен врв, за безбедносната состојба во земјава и регионот, за евроинтеграциите, за војната во Украина, плановите на Трамп за решавање на конфликтот за 24 часа и евентуални мировни преговори оваа зима, но и за состојбата во Сирија.

Интервјуто со британскиот специјален претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич целосно во видео материјал ќе биде објавено утре. ац/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан