Зајкова-Танги: Преку соработка со меѓународните партнери креираме подобра европска иднина за граѓаните
- Европската интеграција на Македонија, актуелните политички случувања и меѓународните активности на ЛДП во промовирањето на либералните политики, беа темите на денешната средба меѓу Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија со претседателката на Групата за пријателство Франција-Македонија во Националното собрание на Република Франција Лилиана Танги, претседателот на LIBSEEN Роман Јакиќ и Емил Киријас, потпретседател на Либералната интернационала и основач на Киријас Глобал.
Скопје, 22 март 2023
Европската интеграција на Македонија, актуелните политички случувања и меѓународните активности на ЛДП во промовирањето на либералните политики, беа темите на денешната средба меѓу Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија со претседателката на Групата за пријателство Франција-Македонија во Националното собрание на Република Франција Лилиана Танги, претседателот на LIBSEEN Роман Јакиќ и Емил Киријас, потпретседател на Либералната интернационала и основач на Киријас Глобал.
„Како активна членка на АЛДЕ, ја потврдивме нашата посветеност да се залагаме за либерални и демократски политики и вредности во Македонија, стремејќи се да создадеме подобра европска иднина за секој наш граѓанин. “ истакна по средбата Зајкова.
Таа додава дека Танги ја изразила својата поддршка за интеграцијата на земјава во ЕУ и ги пофалила континуираните напори на ЛДП за постигнување на оваа цел. Говореле за реформите во оние области кои се важни за земјава да има исчекор напред, како што се правосудството и образованието истакнувајќи ја потребата за опиплив напредок.
Оваа средба претставуваше значаен чекор во поттикнувањето на меѓународната соработка и дијалог, како и зајакнување на патот на земјава кон европската интеграција.
Либерално - демократска партија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ЛДП