• вторник, 12 ноември 2024

ДСЗИ на Клиниката за гинекологија утврдила пропуст за реализирање на конзилијарните прегледи

ДСЗИ на Клиниката за гинекологија утврдила пропуст за реализирање на конзилијарните прегледи

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска соопшти дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК) е констатиран пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката која пред неколку дена имаше обид за самоубиство. На Универзитетската клиника за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање. 

Овие заклучоци по извршените вонредни инспекциски надзори во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и ЈЗУ УКМ за психијатрија, се објавени денеска на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. (ДСЗИ). 

Од ДСЗИ информираат дека на 4 јули годинава до нив е доставена е  писмена наредба од Министерот за здравство Фатмир Меџити бр.17-6025/1 за вонреден инспекциски надзор во  ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје, а во врска со лекувањето и третманот на родилката Б.М. од Скопје. Истиот ден од страна на ДСЗИ извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје. Вонредниот инспекциски надзор продолжил на 5 јули 2023год. во ЈЗУ УК за психијатрија Скопје.

- При надзорот во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје извршен е увид во основната медицинска документација за пациентката (електронски медицински дневник, историја на болест), како и во Интегрираниот информатички систем „Мој Термин“. Побарани и добиени изјави од здравствени работници и соработници на ЈЗУ УК ГАК Скопје поврзани со лекувањето и третманот на родилката, соопшти ДСЗИ. 

При вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за психијатрија во присуство на медицициснкиот директор на установата проф д-р Стојан Бајрактаров е констатирано дека амбулантите во рамки на клиниката функционираат. На влез на видно место е истакнато работното време – од 8:00 до 20:00 часот, секој работен ден, како и контакт телефони на кои може да се оствари комуникација во врска со реализирање на конзилијарните прегледи.

- По изјава на директорот, телефонскиот број  на кој и претходно е остваруван контакт со одговорниот лекар за конзилијарни прегледи проф д-р Кадри Хаџи Хамза е непроменет ,така што и покрај тоа што во моментот клиниката се реновира, во секое време во тек на 24 часа  може да се оствари комуникација со лекарите. Од увидот во евиденцијата за конзилијарни прегледи е констатирано дека во период откако клиниката работи во  вонредни услови со  претходно утврден распоред,  реализирани се конзилијарни  прегледи на барње на ЈЗУ УК ГАК, стои во соопштението.

Од страна на директорот, како што се наведува, во прилог е дадена копија од меил комункација со шефот на кабинет на мнистерот за здравство и ПР службата на Министерството за здравство од 4 мај 2023 година, во кој е наведено дека по насоки од Проектната единица на Светска банка при Министерството за финансии потребно е да се испрати известување до медиуми дека ќе започне реновирање на клиниката со цел да биде јавноста запознаена.

-Во истиот меил е доставен и предлог текст за известување со табеларен приказ  на локациите каде понатаму ќе бидат пружани здравствените услуги од страна на ЈЗУ УК за психијатрија, како и контакт телефони за комуникација, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат. мд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан