• недела, 24 ноември 2024

Де Јонг за платата во Барса: Се води кампања против мене

Де Јонг за платата во Барса: Се води кампања против мене
Барселона, 17 октомври 2022 (МИА) - Френки де Јонг тврди дека медиумите лажеле за неговата плата во Барселона. На прашањето дали по заминувањето на Лео Меси, Де Јонг стана најплатениот играч во Барселона, фудбалерот одговори: - Мислам дека не. Почнаа кампања против мене. Видете, не сум кажал ниту еден збор сето ова време. Но, клубот шири... Или медиумите кои се поврзани со клубот... Шират лаги, многу лаги. Во Барселона играм три години и секоја година се откажувам од дел од платата. Секако, овие пари треба да ми се вратат, Барса да ми ги исплати покрај редовната плата. Поради ова, се разбира, ќе изгледаат големи моите приходи. Мислам дека многу луѓе не го разбираат ова. Бројките кои се шират низ медиумите се лажни, изјави играчот од средниот ред на Барселона за „NOS“. Во август се појави информација дека Френки од оваа сезона во Барселона ќе добива околу 22 милиони евра годишно. зс/

Остани поврзан