• вторник, 12 ноември 2024

Гаши се сретна со литванската амбасадорка Дамбраускиена

Гаши се сретна со литванската амбасадорка Дамбраускиена

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска ја прими Вилма Дамбраускиена, амбасадорка на Литванија на специјална мисија. 

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се разговараше за можностите за продлабочување на односите меѓу двете земји, со акцент на поддршката за процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија, како и во делот на економијата и инвестициите.

Гаши ја поздравил одлуката на Литванија за отворање Дипломатска канцеларија во Скопје. Притоа изразил очекување дека тоа ќе придонесе за продлабочување на односите меѓу двете земји, кои, иако се пријателски, треба се уште да се работи на нивно понатамошно развивање.

Во однос на интеграциските процеси, Гаши се заблагодарил за континуираната поддршка на аспирациите на Северна Македонија за пристапување кон Унијата и за подготвеноста за споделување на сопственото искуство. Притоа, посочил дека Република Литванија, како и другите балтички земји, е пример како една држава може да ги помине сите историски предизвици и и да стане стабилна и просперитетна членка на ЕУ и на НАТО.

Амбасадорката Дамбраускиена истакнала дека Литванија секогаш го поддржува проширувањето на ЕУ и го цени придонесот на нашата земја во НАТО, сметајќи дека интеграцијата на земјите од регионот е од мошне високо значење. ев/цр

ФОТО: Собрание на РСМ

Остани поврзан