• сабота, 23 ноември 2024

Гаши не сакаше да ја коментира најавата дека Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ, било во доменот на политичките партии

Гаши не сакаше да ја коментира најавата дека Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ, било во доменот на политичките партии

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши не сакаше да ги коментира информациите дека Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ и тоа што земјата во процесот се одделува од Северна Македонија. Потенцира дека тој дел останува во доменот на политичките партии.

-Не би сакал да навлезам во дневна политика. Значи тој дел останува во доменот на политичките партии. Така да, не би сакал да коментирам, рече спикерот Гаши по денешниот брифинг со новинарите.

Гаши потенцира дека сепак функцијата претседател на Собрание е да се грижи за носење на закони и примена на Деловникот, законите и Уставот на државата. 

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ.  

-Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов. фф/ац/

Фото: МИА Архива


 

Остани поврзан