• сабота, 23 ноември 2024

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, одговорност за сите кое се огрешиле пред законите

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, одговорност за сите кое се огрешиле пред законите

Скопје, 6 ноември 2024

Очигледно Арбр Адеми решил да излезе од дувлото!  Секогаш кога се во тесно, од ДУИ ги вадат истите марионети за да го замајуваат народот со своите стари игри! Опозицијата ги еродира! Почнуваат да бидат параноични!

Смешните пресови покажуваат дека Артан и Прпарим се исплашени дека ќе одговараат за малверзациите во Лотарија и затоа ги пуштат прво Блерим, а сега Арбр да обвинуваат за наводни криминалии кој се направени кога Ахмети беше во коалиција со Груевски и Мијалков.

Кога Блерим и Арбр обвинуваат за дилови со српско-бугарски фирми всушност зборуваат за диловите на Артан и Прпарим со српското и бугарското коцкарско подземје кои ВРЕДИ со автентичното толкување им го прекина приливот на пари кој ги примиле редовно.

Коалицијата ВРЕДИ има План за справување со штетните последици од коцкањето, кој веќе се спроведува.

Благодарение на тој план коцката ја тргнавме од домовите на граѓаните со затворање на четири компании на кои Артан и Прпарим неосновано им издале лиценци за интернет коцкарници. Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, правосудна одговорност за сите кое се
огрешиле пред законите и нов Закон за игри на среќа кој ќе го намали бројот на коцкарници, минимум за половина.

ВЛЕН ќе ја искорени коцката инсталирана од Артани и Прпарим! Ова лошо семе што го посадивте ќе ве следи уште долго, затоа што народот не заборава.

Додека ДУИ си играше со судбината на Албанците, ВРЕДИ работи на
обезбедување благосостојба на сите граѓани.

Коалиција ВРЕДИ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан