Во тек е пријавување на групни маски за манифестацијата „Сусурига 2026“
- Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го најавија одржувањето на третата по ред манифестација „Сусурига“, што ќе се одржи на 21 февруари напладне, на градскиот плоштад.
Крива Паланка, 8 февруари 2026 (МИА) - Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го најавија одржувањето на третата по ред манифестација „Сусурига“, што ќе се одржи на 21 февруари напладне, на градскиот плоштад.
-Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, маалски друштва и креативни групи да го пријават своето учество со групни маски и да бидат дел од оваа уникатна културна манифестација. Целта на „Сусурига“ е масовно и достоинствено заживување на старата градска традиција на маскирање и палење ритуален оган по повод празникот Прочка. Програмата ќе опфати дефиле на пријавените маскирани групи од плоштад „Карпошово востание“ низ главната улица, до централниот градски плоштад, каде ќе се одржи ревијален настап на сите учесници. Настанот ќе биде збогатен со гостувања на специјални групи од нашата држава и од соседството, препознатливи по своите традиционални ритуали, уникатна кореографија и атрактивни маски, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Пријавувањето се врши преку пополнување формулар, достапен на веб-страницата на општината, а пријавувањето трае до 16 февруари 2026 година.
Од општината упатија повик сите заинтересирани активно да се вклучат, да ја покажете својата креативност и заедно да придонесат кон зачувување и негување на традицијата и културниот идентитет што ја обединува Крива Паланка. ид/дма/
Фото:Плакат