• вторник, 12 ноември 2024

Вицепремиерот Фетаи повикува на создавање заеднички фронт против криминалот

Вицепремиерот Фетаи повикува на создавање заеднички фронт против криминалот

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска повикал на создавање заеднички фронт против организираниот криминал и корупцијата.

Говорејќи на стратешката работилница на меѓупартиска параламентарна група против корупција, организирана од НДИ во Скопје, Фетаи, како што соопштија од неговиот Кабинет, го повикал Парламентот, граѓанското општество и меѓународните партнери да работат заедно со Владата за поуспешно справување со криминалот.

- Тој рече дека реформската агенда, усвоена од Европската унија, е водилка во активностите на Владата во борбата против криминалот и корупцијата. Во тој контекст, го спомна изготвувањето на Регистарот за евиденција на државниот имот и новата Стратегијаза јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028 Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028, кои треба да спречат злоупотреба на државниот имот и ефикасна конфискација на незаконски стекнат имот, се наведува во соопштението.

Во однос на подобрувањето на транспарентоста на институциите, Фетаи најавил брзи резултати во спроведување на Акцискиот план за транспаретност, изработка на веб страни за јавните институции и обука за персоналот за одржување на страниците. Според него, и измените на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер одат во правец на зголемување на транспаретноста и отчетноста на институциите.

Фетаи истакнал дека Владата е расположена активно дс го вклучи граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки. Како илустративен пример, го спомнал именувањето на член од невладиниот сектор со право на глас во Меѓуресорското тело за координација на антикорциските активности. цр/лв/

Фото: Кабинет на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан