• недела, 24 ноември 2024

Вардар 1961 на чекор до Ф4 во СЕХА лигата

Вардар 1961 на чекор до Ф4 во СЕХА лигата

Скопје, 6 април 2023 (МИА) – Македонскиот првак Вардар 1961 е пред пласман на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА лига, откако вечерва на домашен терен ја совлада Војводина со 38-25 и со убедлива предност ќе патува на четвртфиналниот реванш во Нови Сад.

Вардар 1961 немаше проблеми да го совлада противникот кој допатува во Скопје со подмладен состав и веќе на полувреме обезбеди двоцифрена предност (22-11).

Најефикасен во редовите на македонскиот состав беше Јан Чувура со десет голови, додека Куни Моралес постигна два помалку.

Младиот Васил Гогов запиша 12 одбрани на голот на Вардар 1961.

Пред пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига се и ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер, кои претходно оваа недела во првиот натпревар од четвртфиналето пред своите гледачи го совладаа Татран Прешов со 37-29. ег/аа/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан