Боби Гидиоски нов началник на Секторот за внатрешни работи Штип
- Началникот Боби Гидиоски е дипломиран правник - магистер по политики, со над 25 години работно искуство во безбедносните служби. Тој денеска го имаше и првиот брифинг со новинарите од региона
Штип, 23 март 2022 (МИА) - Нов началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) - Штип е м-р Боби Гидиоски, кој досега ја извршуваше функцијата началник на Одделението за внатрешни работи (ОВР)-Свети Николе.
Началникот Боби Гидиоски е дипломиран правник - магистер по политики, со над 25 години работно искуство во безбедносните служби. Тој денеска го имаше и првиот брифинг со новинарите од регионалните медиуми и дописниците на националните медиуми.
Тој доаѓа на местото по заминувањето на претходниот началник Марјан Коцев. вдј/ар/