• среда, 25 декември 2024

Николоски на средба со амбасадорот на Чешка, Лудва: Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии

Николоски на средба со амбасадорот на Чешка, Лудва: Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, на која, како што информираат од неговиот кабинет, биле потврдени добрите билатерални односи и било разговарано за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји.

На средбата, како што информираат од министерството за транспорт, се отворило и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, пришто Николоски го запознал амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Дополнително, Николовски, го информирал амбасадорот Лудва и за инвестиционите планови во инфраструктурата.

На средбата се разговараше и за актуелните политички и економски прашања во земјата и регионот со посебен акцент на реформските процеси што се спроведуваат, а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, си за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Николовски, се вели во соопштението, ја потенцирал досегашната соработка меѓу двете земји, при што и двајцата се согласиле дека постои можност за интензивирање на таквата соработка во интерес на двата народи. аа/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан