• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бербок во посета на Молдавија

Бербок во посета на Молдавија

Кишињев, 2 април 2025 (МИА) – Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска во Кишињев се сретна со претседателката на Молдавија, Маја Санду. Предвидено е Бербок подоцна да се сретне и со молдавскиот премиер Дорин Ресеан.

Бербок пред посетата на Кишињев го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја поткопа демократијата во Молдавија преку дезинформации, кампањи за лажни вести и купување гласови.

Но, според Бербок, демократијата на Молдавија е отпорна и оти иднината и е во ЕУ.

- Молдавија со европска и германска помош економија, се спротивстави на руските хибридни напади и ги стави под контрола инфлацијата и енергетската криза, наведе Бербок.

Според бројките на германската Влада, Берлин потрошил околу 230 милиони евра.

Молдавија заедно со Украина се кандидатки за членство во ЕУ од 2022 година.

Бербок пристигна во Молдавија по посетата на Украина. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан