• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хуманитарната ситуација на Хаити драматично се влошува

Хуманитарната ситуација на Хаити драматично се влошува

Порт-О-Пренс, 8 април 2025 (МИА) - Хуманитарната ситуација на Хаити драстично се влошува, соопшти денеска хуманитарната група „Спасете ги децата“.

Моќните банди на островот се повеќе ги туркаат назад лошо опремените и недоволно финансирани безбедносни сили на Хаити, а главниот град Порт-о-Пренс е на работ на колапс.

Во првите три месеци од оваа година се раселени повеќе од 78.500 лица, што е повеќе од двојно во споредба со истиот период од претходната година.

„Децата на Хаити се заробени во кошмар“, предупреди Шантал Силви Имбо, директорка на канцеларијата на оваа група на Хаити.

Таа нагласи дека бандите ја зголемуваат контролата врз патиштата надвор од главниот град и ги држат под надзор речиси сите градски области.

Лесли Волтер, кој служеше како ротирачки претседавач на деветчлениот преоден претседателски совет на Хаити од октомври до март, е во Хондурас на самитот на Заедницата на Латинска Америка и Карибите (CELAC), каде што ќе се обиде да обезбеди регионална поддршка за безбедносните напори на Хаити.

Минатата недела илјадници граѓани на островската држава излегоа на улиците во знак на протест.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе целосно замрзнување на американската помош во странство во јануари, веднаш по преземањето на функцијата.

Сепак, околу 64 милиони долари подоцна беа одобрени за поддршка на полицијата на Хаити и меѓународната мисија за помош предводена од Кенија. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан