• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ерупција на вулканот Канлаон на Филипините, чад на висина од 4.000 метри

Ерупција на вулканот Канлаон на Филипините, чад на висина од 4.000 метри

Манила, 8 април 2025 (МИА) - Ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините продолжува, а од вулканот се издигнува чад на висина од околу 4.000 метри, објави националната сеизмолошка агенција.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека нивото на предупредување 3 сè уште е на сила за областа околу планината Канлаон.

Ниво 3, на скала од 5, значи дека постои зголемен ризик од текови на лава и ризик од опасна ерупција во следните неколку недели.

Планината Канлаон, активен вулкан кој се протега помеѓу провинциите Негрос Оксидентал и Негрос Ориентал во централниот дел на Филипините, е еден од дваесетте активни вулкани во таа земја. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан