Претседателските избори во Јужна Кореја ќе се одржат на 3 јуни
- „Владата ќе го избере 3 јуни како датум за одржување на 21. претседателски избори во Јужна Кореја“, рече Хан Дук-Су на состанокот на владиниот кабинет, додавајќи дека тој ден ќе биде државен празник за да се олесни гласањето.

Сеул, 8 април 2025 (МИА) – Предвремените претседателски избори во Јужна Кореја ќе се одржат на 3 јуни, а на нив ќе се избере наследникот на Јун Сук-Јеол, кој беше соборен на 4 април откако претходно неуспешниот се обиде да се воведе воена состојба во земјата, објави денеска привремениот лидер на земјата Хан Дук-Су.
„Владата ќе го избере 3 јуни како датум за одржување на 21. претседателски избори во Јужна Кореја“, рече Хан Дук-Су на состанокот на владиниот кабинет, додавајќи дека тој ден ќе биде државен празник за да се олесни гласањето.
Уставниот суд го започна процесот за одржување претседателски избори во рок од 60 дена по изгласувањето на импичментот на Јун Сук-Јеол.
За фаворит на претседателските избори се смета лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Џае-Мјунг.сд/
фото:МИА архива