• недела, 24 ноември 2024

Бензема нема да биде исфрлен од француската репрезентација и покрај одлуката за случајот Валбуена

Бензема нема да биде исфрлен од француската репрезентација и покрај одлуката за случајот Валбуена
Париз,10 ноември 2021 (МИА) - Без разлика дали Карим Бензема ќе биде прогласен за виновен за уцена на Матје Валбуена, тој нема да биде исфрлен од француската репрезентација. Ова го соопшти првиот човек на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Гра во интервју за „Le Parisien“. Во октомври беше објавено дека обвинителот побарал од Бензема да добие условна казна од 10 месеци и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна што можеше да ја претрпи Бензема е пет години затвор. Според истрагата, 33-годишниот Французин е осомничен дека во 2015 година дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео со учество на поранешен играч на Динамо. Двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација поради ситуацијата со уцена, но Бензема годинава се врати во тимот. зс/

Остани поврзан