• вторник, 01 октомври 2024

Атлетик: Салах ќе го собори трансфер рекордот на Нејмар доколку се пресели на Ал-Итихад

Атлетик: Салах ќе го собори трансфер рекордот на Нејмар доколку се пресели на Ал-Итихад

Лондон, 7 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Според „The ​​Athletic“, Ал Итихад останува заинтересиран за 31-годишниот фудбалер. Саудискиот клуб е подготвен да плати 234 милиони евра за Салах. Доколку се случи трансферот, тоа би можело да биде најскапиот трансфер досега. Во моментов ова е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони евра).

Египетскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2017 година. Неговиот договор е до летото 2025 година. Сезонава Салах одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 голови и имаше девет асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан