• среда, 25 декември 2024

Наполи му нуди нов договор на Кварацхелија со плата од шест милиони евра годишно

Наполи му нуди нов договор на Кварацхелија со плата од шест милиони евра годишно

Неапол, 1 октомври 2024 (МИА) – Раководството на калчолигашот Наполи преговара за нов договор со крилниот напаѓач Квича Кварацхелија, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Наполитанците контактирале со агентот на фудбалерот за да разговараат за можноста за потпишување нов договор. Двете страни ќе одржат уште една средба во следните неколку недели.

Наполи му понуди на 23-годишниот Грузиец договор според кој играчот ќе може да заработува шест милиони евра годишно со бонуси - слична плата како напаѓачот на тимот Ромелу Лукаку.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола и направи две асистенции на осум натпревари за тимот.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија е 4,6 милиони евра годишно. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан