• недела, 24 ноември 2024

Алкараз „не се плаши“ да признае дека е подготвен да освои Грен слем

Алкараз „не се плаши“ да признае дека е подготвен да освои Грен слем
Париз, 17 мај 2022 (МИА) - Карлос Алкараз изјави дека „не се плаши“ да признае дека е подготвен да освои Грен слем на Отвореното првенство на Франција овој месец, пренесува Еуроспорт. Вториот главен турнир во годината започнува на 22 мај, а Шпанецот (19) е вториот фаворит за освојување на титулата во сингл во машка конкуренција, зад бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ и пред сонародникот Рафаел Надал. Алкараз стана кандидат по победата на Мадрид Опен минатиот месец, победувајќи ги Надал, Ѓоковиќ, а потоа и Александар Зверев во финалето на АТП 1000 турнирот. - Физички се чувствувам многу добро. Јас сум психички силен. Јас сум силен играч и на крајот тоа е она што е потребно за да се освои Грен слем, рече тој. Шпанецот е светскиот број 6 кој оди на Ролан Гарос, што значи дека може да се судри со Надал во последните осум и Ѓоковиќ во полуфиналето, во зависност од жрепката. ар/лв/

Остани поврзан