• Sunday, 08 February 2026

Граѓанското здружение „СИЛА“ одбележа две години постоење со усвојување измени на Статутот

Граѓанското здружение „СИЛА“ одбележа две години постоење со усвојување измени на Статутот

Куманово, 7 февруари 2026 (МИА) - По повод две години од основањето, Граѓанското здружение „СИЛА“ одржа Генерално собрание на кое беа усвоени измени на Статутот на здружението.

Како што соопштија од „СИЛА“, со измените е предвидено од месечната членарина да бидат ослободени мирновремените и воените инвалиди од прва до петта категорија, лицата со попреченост, корисниците на социјална помош, како и невработените лица.

На собранието биле дадени и насоки за исполнување и реализација на годишниот и дополнителниот годишен план за 2026 година.

Членови на Граѓанското здружение „СИЛА“ се поранешни и сегашни припадници на безбедносниот сектор, како и лица од граѓанскиот сектор. Следното собрание на здружението е најавено да се одржи во 2027 година во Кавадарци. ам/дма/

Фото: Граѓанско здружение „СИЛА“