• Sunday, 08 February 2026

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготино, 7 февруари 2026 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

- Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., на возраст од 25 години. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.

По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било одезмено. По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/дма/

Фото: МИА архива