• Sunday, 08 February 2026

Расчистен патот кон село Видуше, Општина Маврово и Ростуше

Расчистен патот кон село Видуше, Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 7 февруари 2026 (МИА) -  Локалната власт на Општина Маврово и Ростуше, со свои екипи и сопствена механизација денеска беа активно вклучени во оспособување на локалниот пат кој води кон село Видуше. 

-Целосно е отстранет одронот од земја и камења кој го попречуваше нормалното одвивање на сообраќајот. Општината останува фокусирана на одржување на проодноста на сите патни правци. Безбедноста на нашите жители и посетители е секогаш наш приоритет, информираа од општината.

Апелираат до возачите за внимателно управување со возилата, особено во деловите каде се можни нови појави на одрони поради временските прилики.

Посочуваат дека општината работи на изнаоѓање на трајни решенија за заштита на сите локални патишта. вт/дма/

Фото: Општина Маврово и Ростуше