Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул
- Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул, Турција, означувајќи значаен чекор кон меѓународна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град, проект кој се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, информираа од Општината.
Дебар, 7 февруари 2026 (МИА) - Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул, Турција, означувајќи значаен чекор кон меѓународна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град, проект кој се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, информираа од Општината.
Во рамки на саемот се претставуваат природните убавини, културното наследство, традициите и препознатливото гостопримство на Дебар, претставувајќи го градот како дестинација со голем потенцијал за развој на туризмот.

- На саемот, заедно во македонската делегација, која ја предводи Зоран Љутков, министер за култура и туризам, се и Фисник Мела, градоначалник на Општина Дебар, како и Менди Ќира, градоначалник на Општина Струга. На овој значаен собир, беа реализирани средби и со повеќе туристички агенции, со цел зголемување на соработката и привлекување на што поголем број туристи во нашиот град, стои во објавата.
Градоначалникот Фисник Меља истакнал дека претставувањето на Дебар на саем, од вакви размери, претставува важен момент за иднината на туризмот во градот и за зајакнување на неговата видливост како туристичка дестинација.
- Преку ова претставување, Дебар има за цел да се позиционира како привлечна дестинација за природен и културен туризам, зацврстувајќи ја улогата на туризмот како важен столб на локалниот економски развој. Дебар – природно и културно богатство што чека да биде откриено, се наведува во објавата. вт/мд/
Фото: Општина Дебар