• среда, 18 декември 2024

Kикбоксери од Делчево на Балканско првенство во Србија

Kикбоксери од Делчево на Балканско првенство во Србија

Делчево, 26 ноември 2022 (МИА) - Кик-боксинг клуб „АС“ од Делчево се наоѓа во Јагодина, Република Србија каде викендов ќе настапи на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“. Тренерот на екипата Љупчо Стојчевски информираше дека на Балканското првенство клубот од Делчево ќе учествува со петмина свои претставници. 

 -Андреј Митков ќе настапи во дициплините поинт-фајт и кик-лајт за кадети до 42 кг, потоа Павел Стојчевски ќе настапи во јуниорска конкуренција во дисциплината кик-лајт и лајт-кик до 63 килограми. Свои борби во кик-лајт и поинт фајт ќе имаат Лука Пешов и Максим Јанлукуловски, додека во највозрасната категорија ќе се бори Арнес Хајдер, информираше Стојчевски.  

Тимот како што додаде е добро подготвен и затоа се надева на освојување на повеќе медали од своите избраници.

 -Конкуренцијата е навистина голема, знаеме дека има натпреварувачи од повеќе балкански и други земји, но добрата подготовка ми дава надеж дека ќе освоиме медали во дисциплините во кои ќе се натпреваруваат нашите претставници, додаде Стојчевски.

Делчевските кик боксери од последните неколку учества на турнирите на Балканот се вратија со неколку медали, а на дел од тие турнири тренерот Стојчевски ја имаше и улогата на Меѓународен судија. вс/аа/


Фото: МИА

Остани поврзан