• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Обуки по прва помош за правни субјекти во Кавадарци

Обуки по прва помош за правни субјекти во Кавадарци

Кавадарци, 14 април 2025 (МИА) - Обуки по прва помош за правни субјекти во Кавадарци, реализира кавадаречкиот Црвен крст, информираа вечерва од оваа хуманитарна организација.  

- Црвениот крст Кавадарци одржа обука по прва помош во правни субјекти, што е законска обврска според Законот за безбедност и здравје при работа, член 24. Интересот на правните субјекти е доста голем заради избегнување на евентуални законски последици и одговорности, а пред се ова е можност да се научат или обноват знаењата по прва помош, што во даден момент може да спасат човечки живот, појаснија од општинската организација. 

Оттаму известија дека сите заинтересирани правни субјекти, можат да се јават во Црвениот крст и да пријават свои вработени, за посетување обука по прва помош и добивање сертификат. свд/дма/


Фото : Црвен крст Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан