Општина Пустец и годинава ќе организира велигденски турнир во фудбал
- Општина Пустец и годинава ќе организира турнир во фудбал, во рамки на одбележувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, за што отворен е повикот за пријавување, информираше за МИА, градоначалникот Пали Колефски.

Дебар, 14 април 2025 (МИА) – Општина Пустец и годинава ќе организира турнир во фудбал, во рамки на одбележувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, за што отворен е повикот за пријавување, информираше за МИА, градоначалникот Пали Колефски.
-На Велгиденскиот турнир во фудбал, кој станува традиционален право на улество имаат екипи од сите населени места во нашата општина. До Секторот за култура и спорт во Општината, секоја екипа треба да достави пријава и список со имиња на учесниците. Турнирот го организираме по повод Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села, рече Колефски.
Натпреварите почнуваат во 9 часот а ќе се одржат на 19 април, ден пред празникот, на фудбалското игралиште во селото Долна Горица.
Според Колефски освен пехарот, кој се доделува екипно, предвидени се и соодветни награди за сите екипи.
На минатогодишнот турнир, кој беше посветен на Васил Јанкула - преспанскиот херој, кој почина на 3 април 2024 година најдобра беше екипата на Туминец предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години на ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир, која во финалето ја надиграа екипата на Горна Горица. вт/дма/
Фото: Општина Пустец