• сабота, 09 ноември 2024

Јамалов: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики

Јамалов: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики

Скопје, 8 ноември 2024 

СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики.

Парадоксално е да држат прес личности кои што во претходниот мандат имаа интегрална улога во распадот на економскиот систем и животниот стандард. Луѓето што ја разурнаа македонската економија и што стандардот на граѓаните го донесоа на дното, сега со лажна грижа нудат нецелосни решенија што не можат да го подобрат животот на граѓаните.

Дрско е да се лаже целата јавност од собраниската прес сала со ниту еден точен податок.

Ги повикуваме богаташите од Дубаи да се освестат и ако навистина му мислат добро на народот, да го поддржат буџетот за 2025.

Да гласаат за покачувањето на платите за сите работници. Да гласаат за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на 4 нови автопати, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции.

Ние имаме конкретни планови кои веќе даваат резултати.

Александар Јамалов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Александар Јамалов ФБ

Остани поврзан