• вторник, 12 ноември 2024

Ѓорческа ја очекува првата противничка во квалификациите на Вимблдон

Ѓорческа ја очекува првата противничка во квалификациите на Вимблдон

Лондон, 22 јуни 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од вчера е во Лондон, каде во текот на следната недела ќе го има вториот настап на Грен слем турнирот Вимблдон. 

Проблемот со визата беше надминат во текот на оваа недела, но сепак Ѓорческа немаше можност да настапи на турнир во Англија, па така останува низ тренинзи на тревната подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ овие неколку дена да ја приспособи играта на овој вид подлога.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап на Вимблдон во квалификациите (првиот го имаше во 2017 година).

Женскиот квалификациски турнир стартува во вторник, а ден претходно ќе биде познат и „костурот“ во квалификациите. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан