• сабота, 23 ноември 2024

Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија

Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија


Нион, 11 ноември 2024 (МИА) – Натпреварот од петтото коло во Лига Европа меѓу Бешикташ и Макаби од Тел Авив, кој требаше да се одигра во Истанбул на 28 ноември, е преместен во унгарскиот град Дебрецин, соопшти вечерва УЕФА.
„Натпреварот ќе се игра зад затворени врати согласно одлуката на локалните унгарски власти, прецизираше УЕФА.
Турските медиуми јавуваат дека прво бил постигнат договор со локалните власти гледачите да можат да присуствуваат на натпреварот, но унгарските власти потоа решиле натпреварот да се игра без публика по немилите сцени во Амстердам по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби.
Дуелот меѓу Бешикташ и Макаби е оценет за натпревар од висок ризик, бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги зголеми вербалните напади врз израелските лидери од почетокот на војната во Газа.
Големи антиизраелски протести, охрабрени од турската влада, се одржуваат низ целата земја повеќе од една година, а во октомври лани Израел побара од своите граѓани и дипломати да ја напуштат Турција како безбедносна мерка. ег

ФОТО:Икс

 

Остани поврзан