• вторник, 24 декември 2024

Потврдено присуството на Макрон на дуелот Франција – Израел

Потврдено присуството на Макрон на дуелот Франција – Израел


Париз, 11 ноември 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува в четврток на фудбалскиот натпревар во Лигата на нации меѓу Франција и Израел под високо обезбедување на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, потврди Елисејската палата.
Според кабинетот на Макрон, „целта е „да се испрати порака за братство и солидарност по неподносливите антисемитски дејствија што следеа на маргините на натпреварот во Амстердам во текот на минатата недела“.
Шефот на париската полиција Лоран Нуњез претходно во неделата изјави дека повеќе од 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за високо ризичниот натпревар Франција-Израел.
Припадниците на полицијата и жандармеријата ќе бидат распоредени околу и внатре во стадионот, како и во јавниот превоз. Вакво зголемено распоредување на силите за меѓународен натпревар се прави во исклучителни ситуации, рече Нуњез.
Ќе бидат распоредени и околу 1.600 припадници на обезбедувањето на стадионот, а за безбедноста на израелската фудбалска репрезентација ќе бидат ангажирани и припадници на специјалната полициска единица.
Натпреварот ќе се одржи само неколку денови по насилствата во Амстердам, кога навивачите на фудбалскиот клуб Макаби од Тел Авив се судрија со пропалестинските демонстранти, пред натпреварот со Ајакс во Лига Европа. ег

ФОТО; МИА Архива

Остани поврзан