• недела, 01 септември 2024

Ѓоковиќ по десетти пат го освои трофејот на Австралија опен

Ѓоковиќ по десетти пат го освои трофејот на Австралија опен

Мелбурн, 29 јануари 2023 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес во финалето на Австралија опен го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 и 7:6.

Србинот по 10-ти пат во кариерата го освои турнирот во Австралија и по 22 пат дојде до трофеј на Грен слем изедначувајќи се со Шпанецот Рафаел Надал на вечната листа победници.

Ѓоковиќ сервираше седум аса, направи три двојни грешки и реализира две од пет брејк топки. Циципас имаше 15 аса, три двојни грешки и една реализирана брејк топка од три шанси.

Новак стана вториот тенисер со двоцифрен број трофеи на еден Грен слем. Надал има 14, сите на Вимблдон.

Циципас ја продолжи серијата порази од Ѓоковиќ која трае 10 меча. Сега нивниот биланс во меѓусебните средби е 11:2.

Австралија опен 2023 се играше за награден фонд 51,5 милиони долари. зс/

Остани поврзан