• четврток, 26 декември 2024

Ериксен се насочува кон Белгија

Ериксен се насочува кон Белгија

Брисел, 1 септември 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен сепак би можел да го напушти клубот ова лето. 32-годишниот плејмејкер е баран од белгискиот гигант Андерлехт и Данецот би можел да тргне во таа насока, тврди локалното издание „Хет Беланг ван Лимбург“.

Ериксен не е главен играч во шемата на Ерик тен Хаг и во првите два натпревари од сезоната беше на клупата и не влезе во игра. Тој ќе има уште посериозна конкуренција во средниот ред по потписот на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен, па на самиот играч тешко дека би му пречело да го напушти „Олд Трафорд“.

Извршниот директор на Андерлехт, Јеспер Фредберг долго време сакаше да го ангажира Данецот, но се смета дека тој ќе почека до самиот крај на преодниот рок во Белгија пред да даде официјална понуда. Во Англија прозорецот за дојдовни трансфери е затворен, но тоа не ги спречува клубовите да продаваат играчи во лигите каде што се уште е дозволено, а во Белгија тоа важи до 6 септември.

Интересно е тоа што Ериксен е вториот играч со најмногу асистенции за Манчестер Јунајтед во последните две сезони зад Бруно Фернандеш. Тој се приклучи на „Олд Трафорд“ од Брентфорд на слободен трансфер во 2022 година и забележа 72 настапи, 3 гола и 13 асистенции за „црвените ѓаволи“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан