• среда, 25 декември 2024

Конте по пресвртот против Парма: Го дадовме срцето

Конте по пресвртот против Парма: Го дадовме срцето

Неапол, 1 септември 2024 (МИА) - Навивачите на Наполи доживеаја вистински ролеркостер против Парма. Од сигурен пораз на истекот на 90 минути, до победа. Нормално, тренерот Антонио Конте беше презадоволен, а прашањето за преодниот рок беше неизбежно.

– Го дадовме срцето за оваа победа. Кога Лукаку го постигна израмнувачкиот гол, им реков на момците да се вратат веднаш и да почнат брзо, бидејќи ни требаше победа. Успеавме да постигнеме гол и да победиме против еден многу добар тим, кој има одлични играчи и не смеете да им оставите простор, изјави Конте.

Сигурно го радува фактот што Лукаку постигна гол само 48 часа по пристигнувањето од Челси. Но, има замерки и за преодниот рок, особено што тој завршува кога веќе почнаа првенствата.

- Апсурдна ситуација. Тренерите треба да тренираат играчи кои ќе заминат и да чекаат играчи со кои не соработувале и не ја знаат нивната состојба. Фудбалот еволуира без престан и треба да се смени ова бизарно правило кое им штети и на клубовите и на тренерите, додава тој.

На крајот сепак изрази задоволство од преодниот рок.

- Задоволен сум од тоа како клубот работеше на пазарот. И да го продадевме Осимен, ќе имавме комплетна ситуација. Но, јас сум среќен, истакна Италијанецот.

Осмен не е пријавен за Серија „А“, но дефинитивно заврши со Наполи. 

-Играчот нема да се врати. Оние кои се надвор од проектот ќе останат надвор од проектот. Направивме одредени избори и сите заедно се движиме во една насока, порача Конте. дс

Фото: Архива

Остани поврзан