• среда, 27 ноември 2024

Шестмина загинати во демонстрациите во Исламабад за поддршка на поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Шестмина загинати во демонстрациите во Исламабад за поддршка на поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Исламабад, 26 ноември 2024 (МИА) - Приврзаниците на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кој моментално е во затвор, денеска ги пробија блокадите  на демонстрациите во Исламабад и се судрија со полицијата, а во немирите загинаа шест лица, јави Бета.

Демонстрациите траат од неделата, а илјадници полицајци се присутни центарот на Исламабад во обид да ги задушат протестите за поддршка на Кан.

Кан е во затвор повеќе од една година и во моментов се соочува со повеќе од 150 кривични пријави, кои според неговата партија се политички мотивирани.

Властите наведуваат дека само судовите можат да наредат ослободување на Кан, кој се соочи со гласање за недоверба во парламентот во 2022 година.

Кан е во затвор од првата пресуда за корупција, во август минатата година.

Пакистанската армија денеска ја презеде контролата врз големиот плоштад во центарот на Исламабад, каде се наоѓаат владините згради и каде во моментов престојува белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е во посета на Пакистан.

Во центарот на градот се присутни и паравојска и полицајци, при што некои полицајци испукаа предупредувачки истрели во воздух.

Протестите ги предводи сопругата на Кан, Бушра Биби.

Министерот за внатрешни работи Мошин Накви се закани дека доколку демонстрантите пукаат, безбедносните сили ќе одговорат.

-Сега и дозволивме на полицијата да донесе каква било одлука според ситуацијата“, рече Накви.

Засега полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

Меѓу загинатите има четворица полицајци и еден цивил кои загинаа кога на нив синоќа налета возило.

Премиерот Шехбаз Шариф го осуди нападот, велејќи дека „анархистичка група“ намерно ја гаѓала полицијата.

Десетици луѓе се повредени, меѓу кои и новинари кои беа нападнати од демонстранти.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан