• сабота, 09 ноември 2024

ЦМГ: Кина останува најголем пазар за онлајн малопродажба во светот

ЦМГ: Кина останува најголем пазар за онлајн малопродажба во светот
Пекинг, 20 јануари 2021 (МИА) - Малопродажбата во Кина преку интернет забележа раст од 14,8 отсто на годишно ниво, на 9,8 билиони јуани (околу 1,5 билиони долари) во 2020 година, покажуваат податоците на кинеското Министерство за трговија. Како што објави Кинеската медиумска група (ЦМГ) Кина веќе осум години по ред е најголем пазар за онлајн малопродажба во светот. Онлајн продажбата на мало има удел од 24,9 отсто од вкупниот обем на малопродажбата во Кина минатата година. Зголемената продажба преку интернет ги зголеми и курирските услуги со вкупно 83,36 милијарди пакети испорачани во текот на 2020 година. Минатата година продажбата на артикли во живо на интернет исто така стана популарна, со повеќе од 20 милиони маркетиншки активности од тој вид. Кинсекото Министерство за трговија исто така наведе дека увозот на стоки за широка потрошувачка во земјата забележа раст за 8,2 отсто на годишно ниво на 1,57 билиони јуани. ми/

Остани поврзан