• недела, 10 ноември 2024

ФСБ спречи атентат на три воени лица во Москва

ФСБ спречи атентат на три воени лица во Москва

Москва, 10 јули 2024 (МИА) – Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) спречи обид за атентат на украинските специјални служби врз тројца високи руски воени претставници, при што е уапсен еден руски државјанин.

ФСБ на Руската Федерација спречи обид на украинските специјални служби да извршат терористички напади врз тројца високи воени лица на Министерството за одбрана на Руската Федерација во градот Москва, се наведува во соопштението.

Според ФСБ, украинските разузнавачки служби контактирале со еден од членовите на екипажот на бродот, сугерирајќи му да изврши терористички напад. Тој по наредба на украинската воена разузнавачка служба „организирал испорака преку курирска служба на три експлозивни направи со голема моќност, маскирани како подароци, до адресите на живеење во Москва на началниците на оддели во руското Министерство за одбрана.

Дваесетгодишниот осомничен признал дека бил регрутиран во мај 2024 година од офицер на украинската воена разузнавачка служба и дека се согласил да извршува задачи поврзани со подготовка на терористички напади на руска територија за паричен надомест. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан