• вторник, 24 декември 2024

Секое трето новороденче во Велика Британија го родила жена со странско потекло

Секое трето новороденче во Велика Британија го родила жена со странско потекло

Лондон, 9 ноември 2024 (МИА) – Речиси секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија.

Според британската канцеларија за национална статистика, 31,8 отсто од живородените деца во 2023 година биле од мајки кои не се родени во Велика Британија, што е благ пораст во однос на 30,3 отсто во 2022 година, пишува порталот Мејл онлајн.

Пред десет години тој процент беше 26,5 отсто, а во 2010 година првпат надмина четвртина (25,1 отсто).

Индија останува најчеста земја на потекло за мајките (3,6 отсто од сите живородени бебиња) и татковците (3,9 отсто) кои не се родени во Велика Британија, а Пакистан сè уште е на второ место. јт/

Остани поврзан