• сабота, 23 ноември 2024

Протест против регионалната влада во Валенсија по катастрофалните поплави

Протест против регионалната влада во Валенсија по катастрофалните поплави

Валенсија, 9 ноември 2024 (МИА) – Речиси 40 граѓански организации и синдикати од Валенсија денеска ги повикаа граѓаните да протестираат против владата и претседателот на овој шпански регион Карлос Масон, откако само во оваа провинција во поплавите загинаа 215 лица.

Организаторите на протестот повикаа на ненасилен протест и побараа од граѓаните демонстрациите да поминат во тишина, од почит кон жртвите, пренесува Паис.

Според организаторите, целта на протестот е да се побара одговорност од властите, да се побараат точни информации за поплавите и да се соберат средства за настраданите.

Денеска ќе се одржат уште неколку митинзи, уште еден во Валенсија против владата на Валенсија и владата во Мадрид на премиерот Педро Санчез, како и во Алканте и Елче.

Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте вчера изјави дека најмалку 223 лица загинале во поплавите, од кои повеќето во Валенсија, а 78 лица се уште се водат како исчезнати. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан