У16: Гостински пораз на македонските фудбалери од Србија
- На денешниот натпревар, избраниците на селекторот Дашмир Беари беа немоќни против домаќинот Србија, која воедно е и најголем фаворит на овој турнир.
Стара Пазова, 10 мај 2023 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 16 години претрпе пораз (0-2) од соодветната селекција на Србија, во рамки на Меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ“, што се одржува во Стара Пазова.
На денешниот натпревар, избраниците на селекторот Дашмир Беари беа немоќни против домаќинот Србија, која воедно е и најголем фаворит на овој турнир.
Максим Кличковиќ во 19. минута го постигна водечкиот погодок, додека конечните 2:0 ги постави Урош Ѓоргевиќ. ег/бд/
Фото: ФФМ