• вторник, 03 февруари 2026

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува место каде што се креира европската младинска политика за Западен Балкан, образованието и иднината

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува место каде што се креира европската младинска политика за Западен Балкан, образованието и иднината

Скопје, 1 февруари 2026

Од 26 до 29 март, како УМС ќе бидеме домаќини на настан на Европските демократски студенти European Democrat Students, студентската организација на Европската народна партија EPP - European People's Party, информира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, овој настан е најважниот во годишната агенда на EDS и претставува силна потврда за довербата што Европа ја има во нашата работа.

Со овој Зимски универзитет, преку УМС на ВМРО - ДПМНЕ, Македонија станува место каде што се креира европската младинска политика за Западен Балкан, образованието и иднината. Тоа е резултат на јасна визија, континуитет и кредибилитет.

Како УМС на ВМРО - ДПМНЕ, продолжуваме со силна работа, со амбиција, со став и со резултати што се препознаваат и дома и во Европа.

Фото: УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан