Конференција за ефикасност и независност на судството
- Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Зајакнување на ефикасноста и независноста на судството во Северна Македонија“. Фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за подобрување на транспарентноста, дигиталната модернизација и оптимизацијата на судската мрежа како дел од секторската развојна стратегија за правосудството 2024 - 2028.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Зајакнување на ефикасноста и независноста на судството во Северна Македонија“.
Фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за подобрување на транспарентноста, дигиталната модернизација и оптимизацијата на судската мрежа како дел од секторската развојна стратегија за правосудството 2024 - 2028.
Конференцијата ќе почне со воведни обраќања на амбасадорот на ЕУ во државата, Михалис Рокас, претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и министерот за правда, Игор Филков.
По воведните излагања, ќе бидат презентирани проектни резултати од извештајот за спроведување на стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа и патоказот за подобрено функционирање на судството. ар/хс/
Фото: МИА архива