• вторник, 03 февруари 2026

Клиниката за пулмологија ќе ги додели признанијата на најдобрите работници за 2025 година

Клиниката за пулмологија ќе ги додели признанијата на најдобрите работници за 2025 година

Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Клиниката за пулмологија и алергологија - Скопје денеска организира настан за избор и доделување признанија на најдобрите работници за 2025 година.

На настанот ќе бидат доделени признанија во вкупно седум категории, со кои, како што наведува Клиниката, се вреднуваат посветеноста, професионалноста и тимската работа на здравствените работници и организациските единици.

Доделувањето ќе се одржи во присуство на целиот колектив на Клиниката, а за првите шест категории ќе бидат врачени признанија и парични награди.

Настанот е традиционален и се организира шести пат. мч/хс/

фото: МИА

 
 
 

Остани поврзан